Новата студија нуди реална слика за фосилниот гас во Македонија

Македонија има сѐ поамбициозни планови за зголемување на употребата на фосилен гас. Но, овие планови беа разработени пред скорешната енергетска криза. Освен климатските катастрофи со кои се соочуваме, зависноста од увоз и ограничувањето во употребата на фосилни горива, пред сѐ гасот, новото истражување покажува дека трошоците за изградба на гасоводната мрежа се зголемени, а со тоа стапката на гасификација во домовите се повеќе ќе се намалува. Наместо тоа, значајни инвестирања може да се направат во алтернативни извори на енергија, како што се инсталирање на соларни системи, топлински пумпи или подобрување на енергетската ефикасност преку реновирање во домаќинствата.

Гасификацијата ќе биде прескапа

Најновата студија покажува дека стратегиите и плановите за гасификација на државата ги потценуваат трошоците и ги преценуваат можностите на гасификацијата. Трошоците за изградба на целата гасна мрежа во државата може да надминат високи 1 милијарда евра. Притоа, со високите трошоци за инвестиции доаѓаат и високи трошоци за крајните корисници, што го прават приклучувањето кон овој енергенс неприфатливо скапо. Наспроти тоа, со истите тие средства би можело да се направат значителни мерки за енергетска ефикасност и производство на енергија во секое домаќинство.

Еко енергетска иднина

Во соработка со The Nature Conservancy и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), Еко-свест работи на проект за паметно енергетско планирање во земјата. Со спроведување на фокус групи и анкета на репрезентативен примерок, како и серија консултации со релевантни чинители во секторот, Еко-свест изготви Принципи и препораки за паметно енергетско планирање.

МАНУ пак, изработи Студија за користење на рудници и други браунфилд локации, односно за паметно позиционирање на проектите врз деградирани земјишта. Со првата фаза на проектот се идентификуваа 650 MW капацитет за овие проекти.

Студијата резултираше со мапа на одржливи локации, првенствено на некорисно и загадено земјиште, за развој на обновливите извори на енергија во Македонија. Доколку инвестициите се насочат кон соларни и ветерни електрани на само половина од овие одредени локации, овие проекти би можеле да генерираат 7,7 терават-часови електрична енергија годишно.

Став на Еко-свест за аерозагадувањето

Аерозагадувањето претставува национален проблем поради тоа што многу од нашите градови се соочуваат со него, но е и локален проблем и неблагодарно е да се каже дека може да се реши со една или две мерки. Причината за ова се крие во тоа што изворите на аерозагадувањето се различни. Поттекнуваат и од транспортот, од термоелектраните, од индустриските капацитети, од прашина од градежништвото и од домаќинствата.

Кај македонските граѓани нема доволно свест за климатските промени: „Имаме традиција на гледање исклучиво на својот двор и фрлање на отпадот во дворот на соседот“

Изминатата 2023 година била најтоплата досега, поради климатските промени предизвикани од човекот и плус поттикната од природниот временски феномен Ел Нињо. Според Одделот за клима на ЕУ, минатата година била за околу 1,48 Целзиусови степени потопла од долгорочниот просек пред луѓето да почнат да согоруваат големи количини на фосилни горива. Голема е веројатноста дека ќе ја надминеме границата...

Климатски неутрални практики за домовите и земјоделците

Зголемената заинтересираност на граѓаните за инсталирање на фотоволтаични системи на своите домови е позитивен чекор напред кон енергетската трансформација, меѓутоа креираше дискусија за многубројните пречки со кои сеуште се соочуваат граѓаните при премин кон обновливи извори на енергија. Преку проектот „Енергетско ефикасни практики како решение за климатските промени“, Соларна Асоцоцијација...

Организирање на заедницата за зелена трансформација- село Белица

Во малото Кичевско село Белица се отвори Едукативниот одржлив центар на заедницата кој користи фотоволтаични панели за да ги задоволи потребите за електрична енергија. Оваа локална заедница која се наоѓа во еден од регионите со јаглен во земјата е пример на носење одлуки за развој на заедницата кои потекнуваат од самите жители на таа заедница. „Локалните заедници се најважни чинители во процесот...

ПРОДОЛЖЕН РОК -ОТВОРЕН ПОВИК ЗА КОНСУЛТАНТИ И КОМПАНИИ ЗА ИЗРАБОТКА НА АНАЛИЗА НА ВЛИЈАНИЈАТА ВРЗ РЕКИТЕ И РЕЧНИТЕ ЖИВЕАЛИШТА ВО НП МАВРОВО И НП ШАР ПЛАНИНА

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“ во рамки на проектот „Заштита на реките преку воспоставување на мониторинг и...

Еко-свест и партнерските организации од регионот во соработка со The Nature Conservancy официјално ја започнува кампањата Заедно за реките насочена кон заштита на слатководните богатства на регионот. Обединети за реките, работиме со локалните заедници и владите за да осигураме дека луѓето и природата во регионот напредуваат. Заедно, можеме да се погрижиме нашите реки да продолжат слободно да течат и за идните генерации.

Следете ја Facebook страницата на иницијативата United for Rivers за да дознаете како можете да се вклучите.

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Области во кои делуваме

Еко-свест е член на:

Наши донатори

Наши партнери