|
|
|
Посетители: |
МЕНИ За меѓународниот младински фото натпревар - Теми - Услови - Процедура за избор - Поднесување - Контакт ******************************************* За меѓународниот младински фото натпревар Меѓународниот младински фото натпревар насловен како „EARTH FROM BELOW“ е иницијатива на здруженијата ASEED Europe (од Холандија), Еко-свест (од Македонија), За Земята (од Бугарија) и Terra Mileniul III (од Романија), а се со цел да се направи визуелен приказ на најсуровите еколошки проблеми на Балканот низ визирот на младите луѓе. Сите поднесени фотографии ќе бидат прикажани на интернет, заедно со мал текст, опишувајќи го претставениот проблем. Триесет фотографии од Бугарија, Македонија и Романија (и подалеку) ќе бидат селектирани за првиот круг. Дванаесет од нив ќе бидат содржани во календар кој ќе биде дистрибуиран низ Европа и пошироко. Фотографиите, селектирани во вториот круг се совпаѓаат со оние кои се печатени на календарот. Сите триесет фотографии одбрани за првиот круг ќе бидат испечатени и изложени на јавни места во Бугарија, Македонија и Романија. Фотографите одбрани за првиот и вториот круг ќе добијат специјални награди. Фото-натпреварот е дел од меѓународниот проект, финансиран од Генералниот директоријат за млади при Европската Комисија. ******************************************* Теми Чувствувајте се слободни да испратите било каква фотографија со јасна еколошка порака, било тоа да опишува проблем или пристап како да се реши. Листа на можни теми за фотографиите е даден подолу: - Неконтролирано сечење на шумите, ерозија и одржување на заштитени територии. Tоа може да содржи секакво влијание врз природата предизвикано од развојот на човекот, или пак злоупотреба или позитивни примери при управување на заштитени територии. - Загадување и отпад. Фотографиите од оваа категорија можат да содржат претстави на домашен (куќен) или индустриски цврст отпад и/или загадување на вода и воздух од било каков извор. Слично на ова, добродојдено е документирање на негрижа за животната средина и неприфатливи практики при собирање и третман на отпадот. - Mасовен туризам. Секоја претстава која опишува влијание на масовен зимски или летен туризам врз природата и локалното население може да влезе во категоризација. Слики кои претставуваат еколошки и социјално чувствителен вид на туризам исто така може да се разгледува. - Сообраќај и транспорт. Било каква фотографија на изградба на пат и пренаселеност, јавен сообраќај и начини на загадување од транспортот, кои имаат јасно негативно влијание на животната средина и човековото здравје можат да влезат во оваа категорија. Ќе се разгледуваат и фотографиите кои прикажуваат сцени на видови на транспорт кои не загадуваат, алтернативни начини на јавен сообраќај или поинаква и еколошки опрадвадана изградба на пат. - Заштита на животни, земјоделство и производство на храна. Оваа категорија вклучува фотографии на фарми, со суров и неетички третман на животните, индустриско земјоделство и плантажи со моно-култури, употреба на штетни пестициди или генетички модифицирани растенија и видови. Прикази на производство на храна, транспорт и дистрибуција, прикажувајќи ја темата и преку употреба на премногу амбалажа, прекумерна потрошувачка и сиромаштво исто така можат да се испратат. Но и позитивни прикази од органско (т.н. „ environmental-friendly“) производство и дистрибуција на храна, ќе бидат земени во предвид. - Eнерија и рударство. Прикази на вадење на фосилни горива и генерирање на енергија, демонстрирајки било какво негативно влијание на природата и луѓето, влегуваат во оваа категорија. Изградба на брани или мали хидро-енергетски-централи на реки може да Ви послужи за пример. Фотографии на рудници на злато и сребро, екстракција на метали и други материјали, со јасен приказ на негативното влијание на луѓето и природата се добродојдени. - Климатски промени, урбана животна средина и повеќе. Сите фотографии кои претставуваат нагли промени во климата, како надојдени водопади и полави, пожари, високи температури и други климатски аномалии ќе се земат во предвид. Претстави на дисхармонии, нездрави и загадени урбани средини, исто како и позитивните алтернативи на пр. еко-села ќе бидат вклучени во оваа категорија. ******************************************** Услови Натпреварот е отворен за сите млади луѓе од Бугарија, Македонија и Романија. Еден фотограф може да испрати максимум 10 фотографии. (За да се оцени како млад, лицето треба да има под 35 години) Услови за поднесување на фотографии: Фотографиите можат да се испратат на електронска адреса: photo-competition@aseed.net. или на foto@ekosvest.com.mk Заедно со фотографијата(ите), Ве молиме испратете: - Ваше име и презиме, возраст и информации за контакт со Вас, - име на секоја фотографија и дата кога е направена, - два-три реда текст како опис на проблемот, подобро објаснувајќи ја фотографијата. Ве молиме имајте во предвид дека за печатење на календарот како и за изложбата ќе бидат потребни фотографии со подобар квалитет. Затоа Ве молиме фотографиите со висока резолуција, по барање, да ни ги испратите подоцна. Краен рок: Краен рок за собирање на фотографиите е 1ви Април 2008, во 20:00 часот. Технички услови: За првично испраќање на фотографиите во електронска форма, сите треба да бидат минимум 300dpi, и 10cmx15 cm. За испраќање на фотографии во печатена форма, препорачуваме големина од 10cmx15 cm. Организаторите ќе ги задржат правата да ги употребуваат фотографиите за непрофитни цели, вклучувајќи и електронско издавање и публикации, но секогаш со јасно обележани имиња на авторите. ******************************************** Процедура за избор 30 фотографии од Бугарија, 30 фотографии од Македонија и 30 фотографии од Романија ќе бидат селектирани за првиот избор. Сите фотографии кои ќе бидат избрани за првиот круг ќе бидат испечатени и изложени на јавно место, заедно со имињата на авторите и краток опис на презентираниот проблем. Сите фотографи чии дела се избрани за првиот круг ќе бидат наградени. Одлуката за наградените во првиот круг ќе биде објавена на 10ти Април 2008 година. Од победниците во првиот круг, по четири фотографии од секоја земја (Македонија, Бугарија и Романија) ќе бидат избрани за вториот круг. Сите (овојпат дванаесет) наградени фотографии, придружени со краток опис на презентираниот проблем од фотографијата ќе бидат печатени како дел од еко-календарот за 2008 години и дистрибуирани низ Европа и пошироко. Дванаесетте избраници ќе добијат специјални награди. На 15ти Април 2008 година ќе биде објавена листата на победниците од вториот круг. Жири: За Македонија: Жирито ќе биде составено од член на здружението Еко-свест, професионален македонски фотограф и член на ASEED. За Бугарија: Жирито ќе биде составено од член на здружението За Земјата, професионален бугарски фотограф и член на ASEED. За Романија: Жирито ќе биде составено од член на здружението Тера Милениул III, еден професионален романски фотограф и член на ASEED. ***************************************** Поднесување Фотографите е препорачливо своите дела да ги испраќаат во дигитална форма. Но, доколку не сте во можност да нú испратите дигитална фотографија, Ве молиме печатената фотографија (фотографии) да ја/ги доставите на следниве поштенски адреси (соодветно за секоја земја): За Македонија: „Еко-свест“; ул. 11 Октомври 125/12, 1000 Скопје, Македонија За Бугарија: Environmental Association „Za Zemiata“, P.O. Box 975, 1000 Sofia, Bulgaria За Романија: „Terra Milenil III“; 86 Marasesti Blvd, ap. 1, sector 4, 040256, Bucharest Препорачана големина на фотографиите е 10cm x 15cm Дигитално испраќање на фотографиите за Македонија: foto@ekosvest.com.mk Или испратете ги на: photo-competition@aseed.net. Заедно си фотографијата(иите), Ве молиме доставете: - Ваше име, возраст и информации за контакт со Вас; - име на фотографијата и дата кога е направена истата и - две-три реченици како опис за проблемот кој го презентирате на фотографијата. Конктакти За Македонија: Eко-свест Адреса: ул. „11 Oктомври“ бр. 125/12, 1000 Скопје, Македонија Tel: +389 (0)2 3217 245 Tel: +389 (0)2 3217 247 Fax: +389 (0)2 3217 246 E-mail: info@ekosvest.com.mk, julijana@ekosvest.com.mk Web: www.ekosvest.com.mk За Романија: Terra Mileniul III Address: 86 Marasesti Blvd, ap. 1, sector 4, 040256, Bucharest Tel: +402 (0)1 314 12 27 Fax: +402 (0)1 30 10 333 E-mail: office@terraiii.ngo.ro За Бугарија: Za Zemiata Visiting address: 50 "Yanko Sakazov" str. floor 3, 1504 Sofia, Bulgaria Mailing address: Environmental Association Za Zemiata (For the Earth) P.O. Box 975, 1000 Sofia, Bulgaria Tel/fax: + 359 (0) 2 943 11 23 E-mail: info@zazemiata.org Web: www.zazemiata.org International office: A SEED Europe Address: Plantage Doklaan 12A, 1018 CM Amsterdam, The Netherlands Tel: + 31 (0) 20 668 22 36 E-mail: info@aseed.net www.aseed.net |
| Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани! 100ЛЕ | |