Посетители:
Site Meter


Фосилни горива

Јагленот, нафтата и гасот се наречени „фосилни горива“ бидејќи се формирале со фосилизацијата на остатоците на преисториските растенија и животни. Тие создаваат околу 66 % од вкупната електрична енергија во светот, и 95 % од вкупната светска побарувачка за енергија (вклучувајќи греење, транспорт, создавање струја и други потреби).

Јагленот се крши и ситни до фина прашина и се согорува. Нафтата и гасот се согоруваат директно. Јагленот создава околу 28 % од нашата енергија, а нафтата 40 %.

Согорување гориво → топлината ја загрева водата → пареата ги движи турбините → турбините ги вртат генераторите → електрична енергија се спроведува до домовите


Согорувањето на јагленот создава сулфур диоксид, кисел гас кој придонесува кон формирањето на киселите дождови. Ова може да се избегне со користење на гасна десулфуризација во оџаците со што се прочистуваат гасовите пред да се испуштат во атмосферата. Овој метод користи варовник, и создава гипс како меѓупродукт кој се користи во градежната индустрија. Сепак, се користат големи количества варовник.

Суровата нафта полесно се вади од земјата отколку јагленот, и може да тече низ нафтоводи. Ова овозможува поефтин транспорт.

Природниот гас создава околу 20 % од вкупната потрошувачка на енергија и освен ште се користи во термо-централите за создавање енергија, се употребува и во домовите за греење. Лесно се пренесува преку гасоводи, а термо-централите кои согоруваат гас не предизвикуваат големо загадување.

Други фосилни горива сеуште се истражуваат, како битуминозни песоци и нафтени шкрилци. Проблемот е во тоа што пред нивната употреба е неопходна скапа преработка.

Пареата која минува низ турбините на централата мора да се разлади и да се кондензира повторно во вода пред да се продолжи со нејзиното пумпање низ системот. Токму тоа се случува во огромните разладни кули на централите.

Некои централи се градат близу до морскиот брег, и ја користат морската вода за разладување на пареата. Сепак, на овој начин се загрева морската вода и ова може да влијае врз животната средина.

Предности:

- Огромни количини на струја можат да се произведат на едно место користејќи јаглен, и тоа на доста ефтин начин
- Транспортирањето на гасот и нафтата до термо-централите е лесно
- Термо-централите на гас се многу ефикасни
- Термо-централите можат да се градат скоро насекаде, се додека постои начин за нивни снабдување со големи количини на фосилни горива. Централата Дидкот во Оксфордшир, Англија, има сопствена железничка линија за снабдување со јаглен.

Мани:

- Главниот негативен аспект на фосилните горива е загадувањето. Со согорување на било кое фосилно гориво се ослободува јаглен диоксид, кој придонесува кон ефектот на стаклена градина и ја загрева земјината топка
- Согорувањето на јагленот создава повеќе јаглен диоксид од согорувањето на гас или нафта. Исто така, создава и сулфур диоксид, гас кој предизвикува кисели дождови
- Ископувањето на јаглен може да биде тешко и опасно. Површинското ископување може да оштети огромни пространства и пејсажи
- Термо-централите на јаглен имаат потреба од големи количини гориво, што значи постојан дотур на вагони со јаглен. За да се справи со различните барања за енергија, централата мора да има резерви
- Ова би значело постоење на огромни пространства натрупани со јаглен околу една централа.

Фосилните горива не се обновлив енергетски извор.

Штом ги согориме сите резерви на овие горива, од нив нема да остане ништо, а нашите потреби за нив се удвојуваат на секои 20 години почнувајќи од 1900 година. Ова е особен проблем и за нафтата бидејќи ја користиме за производство на пластики и други производи.

Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ