|
|
|
Посетители: |
Геотермална енергија
Геотермалната енергија е топлината од Земјата. Таа е чиста и одржлива. Изворите на геотермална енергија се движат од плитката земја и врелите извори на вода како и врели карпи пронајдени на неколку километри под земјината кора, се до подлабоките слоеви на Земјата во услови на екстремно високи температури и стопени карпи наречени магма. Скоро секаде, горниот слој на кората (до 3 метри длабочина) задржува константна температура од 10 – 16 С. Геотермалните пумпи за топлина можат да се вградат во овој извор и да загреваат или ладат згради. Геотермалниот систем на топлински пумпи се состои од пумпа за топлина, разнесувач на воздух и разменувач на топлина- систем од цевки закопани под земја во близина на зградата. Во зима, пумпата ја отстранува топлината од разменувачот на топлина и ја разнесува низ внатрешната вентилација. Во лето, процесот е спротивен, и пумпата ја отстранува топлината од внатрешноста на домот до разменувачот на топлина. Топлината која се отстранува од домот може да се користи за затоплување на вода. Во Америка, најголем број геотермални извори на топла вода се наоѓаат на Аљаска и Хаваи. За производство на струја можат да се избушат бунари до поземните резервоари. Некои геотермални централи ја користат пареата од изворите за да ги придвижува турбините/генераторите, додека други ја користат топлата вода за да загреваат течност која лесно испарува и така ја придвижува турбината. Топлата вода во близина на површината на земјата може да се користи како директен извор на топлина. Директната употреба вклучува греење на згради, одгледување на растенија во стаклени градини, сушење на жито, загревање на вода во рибници, и некои индустриски процеси како пастеризирање на млеко. Наоѓалишта на топли, суви карпи има на длабочина од 4-8 километри под целата површина на земјата а некаде и на помали длабочини. Пристап кон овие извори подразбира внесување на ладна вода низ еден бунар, пропуштање на водата низ напукната карпа и изнесување на загреаната вода низ друг бунар. Во моментот, не постои комерцијална примена на оваа технологија. Постојните технологии не дозволуваат добивање на топлина директно од магмата, најсилниот и најдлабок извор на геотермална топлина. Геотермалните енергетски технологии ја користат топлината на земјата за директна употреба, геотермални пумпи и производство на електрична енергија. Истражувањето на развојот на геотермалните технологии оди во правец на намалување на трошоците и зголемување на нивната употреба. Во Америка, најголем број на геотермални извори се концентрирани на западниот брег, но геотермалните пумпи можат да се користат насекаде. |
| Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани! 100ЛЕ | |