|
|
|
Посетители: |
Сила на ветерот
Ветерните турбини ја прифаќаат енергијата на ветрот со две или три перки на пропелерот кој е поврзан со ротор кој создава струја. Турбините се високи столбови кои ги користат предностите на посилниот и помалку турбулентен ветер на 30 или повеќе метри над земјата. Перката функционира слично на крилото од авион. Кога ветрот дува, на задната страна на перката се создава воздух со низок притисок. Овој низок притисок потоа ја придвижува перката во негова насока, предизвикувајќи го роторот да се движи. Ова се нарекува придвижување. Силата на придвижувањето е всушност многу посилна од силата на ветрот кој дува кон предниот дел на перката, што се нарекува влечење. Комбинацијата од придвижувањето и влечењето го предизвикува роторот да се движи како пропелер а движењето го врти генераторот кој создава струја. Ветерните турбини можат да се користат самостојно или да се поврзат со далновод или дури и да се комбинираат со соларен систем. Самостојните турбини вообичаено се користат за пумпање или придвижување на вода. Сепак, населението и земјоделците во ветровити региони можат да ги користат турбините за создавање струја. За производство на поголеми количини на струја кои се пренесуваат со далноводи, се поставуваат голем број турбини на едно место и формираат „фарма на ветерници“. Голем број енергетски компании користат ветерни турбини да им овозможат на своите корисници струја од ветерот. Енергијата од ветрот се користи за практични потреби како на пример, создавање струја, полнење батерии, пумпање на вода, мелење зрна (жито). Големите, модерни турбини работат заедно во групи за да произведат големи количества на струја за снабдување на земјата. Малите турбини се користат од локалните жители и села оддалечени од електричната мрежа за да овозможат снабдување со струја. |
| Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани! 100ЛЕ | |