Посетители:
Site Meter


Семинар за енергија

Одржан во Скопје, Македонија


Превод: Статија подготвена од Ана Чоловиќ, Еко-свест

На 29ти ноември 2007 година во Скопје, Македонија, Еко-свест и INFORSE (меѓународна мрежа за обновливи енергии) организираа семинар за претставници на НВОи и Владини институции заеднички да разговараат за Европските Директиви за Енергија и нивното спроведување во Македонија. Овој семинар е дел од проектот кој Еко-свест го имплементира заедно со INFORSE, а со финансиска поддршка на Европската Комисија. Проектот во Македонија има за цел да ги доближи НВОите и официјалните претставници да дискутираат за спроведување на Европските Директиви во земјата и да предложат препораки за навремени акции и подобрување на еколошките стандарди во земјата. Проектот ќе му овозможи на Еко-свест да подготви публикација во која препораките ќе бидат презентирани, и истата ќе се дистрибуира до релевантни институции и организации во Македонија.

Преглед на семинарот

Семинарот беше организиран со цел да се презентираат Европските Директиви за енергија, да се пренесат препораките од Еко-свест до Владата на РМ но и да се осврне на 15 годишнината од активната работа на INFORSE на поле на обновливи енергии и енергетска ефикасност, нивната визија и глобалната слика во контекст на политиките на Европската Унија. Презентациите за време на семинарот беа претставени од персоналот на Еко-свест, Ирена Србиноска под наслов „Компаративна анализа помеѓу Законот за енергетика во Република Македонија, насоки и регулации и европските политики- Директивите на Европската Комисија во однос на енергијата“ и Јулијана Даскалов, под наслов „Препораки и заклучоци за поефективно пренесување на Европските Директиви во Македонија“. Gunner Boye Olesen од INFORSE ја започна својата презентација со опис на мрежата, потоа се надополни со теми како климатски промени, глобално затоплување, фосилни горива и нуклеарна енергија, а ја презентираше и визијата на INFORSE за емисиите на јаглерод диоксид, производството на енергија и снабдување од обновливи енергии. На крај, презентацијата се фокусираше на европските политики за енергија и барањата на INFORSE за промена на директивите.

Препораки од страна на Еко-свест

Препораките од страна на Еко-свест целат кон повеќе институции, а барањата се следни, кон:

Владата на Република Македонија
- Стратешки да го планира развојот на енергетскиот сектор во Македонија и да направи место за инвестиции во доменот на обновливите енергии и енергетската ефикасност, повеќе отколку да донесува брзи одлуки на капитални инвестиции за различни фосилни горива или енергетски проекти.
- Да превземе посебна кампања за подигнување на свеста за да се штеди енергија и да се инвестира во обновливи енергии;
- Да се превземат специјални мерки во заштита на климата и во стопирањето на климатските промени преку намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Министерство за економија на РМ
- Да биде сигурно дека новата легислатива е во согласност со ЕУ директивите и Европската Енергетска Спогодба и е комплементарна со регулативите кои овозможуваат имплементација во реалноста;
- Во подготовка на новиот закон за енергетика, да обрне особено внимание на можностите за производство на обновлива енергија која е споена со мрежата, како би се овозможила продажба на дополнителната енергија која е произведена со обновливите извори;
- Во подготовка на новиот закон, да ги претстави посебните мерки за социјално онеспособените граѓаните;
- Да биде сигурно дека има силна посветеност на зголемување на % на биогорива кое се користи во јавниот транспорт и притоа да се намали емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, и придонесува кон заштита на климата.

Единиците на локалната самоуправа
- Да им овозможат на локалните и странските инвестиции изнаоѓање и користење на извори на обновлива енергија, преку обезбедување на информации и издавање на дозволи за инсталациите;
- Да инвестираат во локална постројка за биомаса, или да ја зголемат делотворноста на светилките во општината (да користат нестандардни сијалични места кои штедат електрична енергија), да ги изолираат објектите на локалната администрација и училиштата, да ги информираат жителите како да штедат енергија во своите домови.


Македонските граѓани
- Да превземат сериозни мерки во нивните домаќинства за заштеда на електричната енергија, преку промена на сијалиците, подобрување на изолацијата и осигурување дека користат помалку електрична енергија;
- Да инвестираат во обновливи енергии во нивните домови и да инсталираат соларни панели или мали ветерници.


Учесници на семинарот

Пет НВОи активни на поле на енергија беа присутни на семинарот. Другите учесници беа претставници на институции како: Министерство за економија, Влада на Република Македонија- Сектор за европски прашања, Агенција за енергетика, и бизнис сектор: МЕПСО (компанија за дистрибуција на електрична енергија), Макстил (метална индустрија), Терна (градежна компанија), ГАМА (компанија за дистрибуција на природен гас) и Сието (компанија за иновативно производство на инструменти за енерегтска ефикасност). Вкупниот број на учесници изнесуваше 21.

Дискусија

По презентацијата, следуваше конструктивна и жива дискусија. Претставничката од Министретсвото за економија ги информираше учесниците дека се подготвува нова легислатива за енергетика и дека постои инаицијатива за подготовка на Стратегија за употреба на одржлива енергија во Македонија. Дополнително се очекува на почетокот на пролетта во 2008 година, да се донесе посебна регулатива која ќе биде подготвена за имплементација, а ќе се однесува кон градење на енергетски ефикасни системи. Интересна беше дискусијата за употреба на нуклеарната енергија и дебатата се водеше помеѓу стабилноста на изворите на обновливи енергии спрема стабилноста на нуклеарната енергија. Претставникот на Сието даде куса информација за тоа како Македонија може да искористи 500 милиони евра (сума на финансиски средства кои се планирани да се вложат во бугарската нуклеарна постројка) во соларни централи и да се обезбеди долговечност, обезбеден извор на енергии. Странските инвестиции беа исто така тема за дискусија. Таканаречените “feed-in“ тарифи им овозможуваат на инвеститорите да изградат капацитети во земјава. Кредитните линии наскоро ќе бидат достапни до заинтересираните инвеститори. Како битен дел од дискусијата беше потребата од подигнување на јавната свест со цел да се зголеми заштедата на електрична енергија. Gunner Boye Olesen пренесе искуства од европската унија за стимулирање на домаќинствата да заштедат повеќе енергија и зголемување на свесноста кај пошироката публика.
Од страна на учесниците семинарот беше оценет како многу успешен. Тие го искажаа своето задоволство за темата на која се говореше, преводот од англиски/ односно македонски и предложија следни дискусии на оваа тема.

Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ