Посетители:
Site Meter


29.11.2007

Еко-свест организираше работилница за енергија


На 29 ноември, во рамките на проектот кој Еко-свест го спроведува во партнерство со Inforse Europe финансиран од Европската Комисија, Еко-свест организираше еднодневна работилница со наслов „Анализа на законот за енергетика на Република Македнија и негово соодветно прилагодување кон Европските директиви“.

На работилницата беа присутни претставници од невладините организации кои работат на поле на обновливи енергетски извори и енергетска ефикасност: Еко-свест, Земак, Проактива, Солар и Македонски зелен центар; институциите: Министерство за економија, Агенција за енергетика, Секретаријат за европски прашања при Влада на РМ; бизнис сектор: Макстил, А.Д Мепсо, ГАМА, Терна, Сието; како и една образовна институција- Машински факултет Скопје.

На работилницата презентации имаа г-ѓата Јулијана Даскалов и г-цата Ирена Србиноска од Еко-свест кои ги дадоа основните сличности и разлики помеќу европските директиви и македонското законодавство, како и препораките на Еко-свест до Македонската Влада, и господинот Гунер Бој Олесен од Inforse Europe кој даде презентација за 15 годишното искуство на неговата организација во делот на енергетската ефикасност и обновливите енергетски извори.

Како завршен дел од проектот на Еко-свест ќе биде изработена публикација која ќе содржи особено важни информации за состојбата во Македонија и за потребите за измени во Македонското законодавство со цел побрзо приближување кон Европската унија.

Повеќе информации на http://www.inforse.org/europe/seminar07_Macedonia.htm.

Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ