Посетители:
Site Meter


29.05.2008

Еко-свест организира меѓународна работилница за нафтоводи


Центарот за истражување и информирање „Еко-свест“ организира меѓународна работилница со наслов:

„Нафтоводи- закани наспроти придобивки“


во Скопје на 29ти Мај, 2008 година во Холидеј Ин (сала Милениум 2) од 9:00 до 13:00 часот. На работилницата освен претставници на Министерството за животна средина и води, Министерството за регионален развој и проекти од јавен интерес на Република Бугарија и Министерството за економија, стопанство и енергетика на Република Албанија ќе присуствуваат и граѓански здруженија од Македонија, Албанија, Грузија и Бугарија. Работилницата свечено ќе ја отвори Министерот за странски инвестиции, Глигор Ташковиќ.

Главната цел на работилницата е да се претстават искуствата од Грузија и Бугарија и да се дебатира околу придобивките наспроти заканите од изградбата на нафтоводи во Балканскиот регион. На работилницата свои презентации со интересна содржина ќе имаат г-ѓа Кохлаџе од Грузија, и г-дин Ковачев од Бугарија. Ќе ни биде особено задоволство доколку присуствувате на оваа работилница. Ве молиме да го потврдите своето присуство на e-mail blagica@ekosvest.com.mk, или телефон/факс 02 3217 246 најдоцна до 23ти мај 2008 година.

Во прилог на оваа покана Ви го доставуваме дневниот ред за работилницата.

Со почит,

Ана Чоловиќ
Национален координатор на CEE Bankwatch
Центар за истражување и информирање за животната средина
Еко-свест
11 Октомври 125/12 1000 Скопје, Македонија
Тел/факс + 389 2 3217 246
ana@ekosvest.com.mk
www.ekosvest.com.mk

ДНЕВЕН РЕД

РАБОТИЛНИЦА
„Нафтоводи- закани наспроти придобивки“
Холидеј Ин (сала Милениум 2)
Скопје, Македонија

29 Мај 2008


09:00 Регистрација на учесниците

09:30 Официјално отварање на работилницата од страна на Министерот за странски инвестиции на Република Македонија Глигор Ташковиќ

10:00 Презентација- искуства од нафтоводот Баку Тбилиси Чејхан, Г-ѓа Манана Кохлаџе, координатор за Кавкаски регион во CEE Bankwatch Network, Грузија

10:30 Дискусија

11:00 Кафе пауза

11:15 Презентација- Светската нафта и балканскиот регион, Г-ин Петко Ковачев од Институт за зелена политика, Бугарија

11:45 Дискусија

12:45 Затворање на работилницата со заклучоци

13:00 Коктел
Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ