|
Вести
06.07.2010
Новата студија на Bankwatch повикува на меѓународните финансиски институции за зголемени инвестиции во обновливите енергетски извори и енергетската ефикасност
Новата студија изработена од CEE Bankwatch Network има посебен осврт на финансирањето од страна на меѓународните финансиски институции
во регионот на југоисточна Европа. Според студијата, 50 проценти од инвестициите на Европска Инвестициона банка во овој регион во
периодот од 2002-2009 година биле наменети за технологии на фосилни горива, а само 9 проценти за енергетска ефикасност и обновливи енергетски извори.
Европската банка за обнова и развој определила 52 проценти од своите инвестиции во регионот за фосилни горива, а 28 за енергетска ефикасност и обновливи
извори на енергија.
_______________________________________________________
15.06.2010
Мониторинг на IPA фондови
Информации до еколошките организации за тековните проекти финансирани преку IPA фондовите.
За повеќе информации контактирајте со Ана од Еко-свест.
_______________________________________________________
04.06.2010
Соопштение за печат: Внимавајте што купувате
Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“, по повод Денот
на животната средина, 5 јуни, ги објавува резултатите од истражувањето за составот и
безбедноста на производите. Целта на истражувањето е да се информира јавноста за можните
штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето од козметичките производи и
средствата за хигиена во домаќинствата.
_______________________________________________________
|
|
|