Посетители:
Site Meter


Неофицијален превод од канцеларијата на ЕБОР во Скопје

Документот кој следува е објавен без промени и со цел да информира за активностите на ЕБОР во Македонија. Доколку барате информации за активностите на НВО околу овие активности на Банката, погледнете го делот „Проекти“ на нашата веб страница.

Активности на ЕБОР во Македонија

До крајот на 30 јуни 2004 Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во БЈР Македонија потпиша и одобри  средства во висина од € 325,8 милиони за 23 проекти, во вкупна вредност на инвестиции од € 812,8 милиони. Беа одобрени 15 проекти во приватниот и осум во јавниот сектор. Осум од споменатите проекти се инфраструктурни (телекомуникации, енергетика, цивилна воздушна пловидба и комунални услуги), седум се во финансискиот сектор и останатите осум во приватниот корпоративен сектор.

Преглед на активностите и основните цели на ЕБОР

Во јули 2002 година ЕБОР усвои двегодишна стратегија за БЈР Македонија.

На БЈР Македонија и претстојат значајни транзициони предизвици, како што се: (i) подобрување на условите на стопанисување за инвеститорите, (ii) приватизација или ликвидација на претпријатијата - големи загубари и промовирање на процесот за постприватизационо преструктуирање на претпријатијата, како и развој на институционалната и финансиска поддршка на малите и средни претпријатија (МСП); (iii) комерцијализација и приватизација на претпријатијата, по пример на неодамнешната успешна приватизација на телекомот и развој на регионалната критична инфраструктура; и (iv) зајакнување и консолидација на банкарскиот сектор и основање на небанкарски финансиски институции.

Во овој клучен момент на пост-конфликтна рехабилитација, банката е цврсто решена да обезбеди директна поддршка, да одговори на поставените предизвици и да мобилизира средства за нови приватни инвестиции. Активностите на банката ќе се фокусираат на  реализирање на имплементацијата на постоечките проекти, како и развивање на нови проекти и иницијативи за институционално зајакнување, и тоа, согласно следниве оперативни приортети:

Инфраструктура

Енергетика - со оглед на големите потреби на овој сектор во земјата и во регионот, под-дршката на електростопанството претставува еден од главните приоритети на банката. Банката нуди помош во приватизацијата на јавното претпријатие за електрична енергија преку финансирање во пред-приватизационата фаза, обезбедувајќи инвестиции и институционална поддршка.

Транспорт - еден од приоритетите на банката е финализирање и имплементацијата на проектот- Македонски регионални патишта, кој е дел од Пактот за стабилност, и обезбедување поддршка за модернизација на системот за контрола на летање во земјата. Двата проекта имаат пошироко влијание врз регионот.

Општинска-комунална инфраструктура - Банката ќе се фокусира врз имплементација на нејзиниот акционен еколошки план, кој опфаќа шест градови и ќе се обиде да го прошири во други региони.

Финансиски сектор

Особено внимание ќе се посвети на активниот менаџмент на портфолиото кај постојните проекти, особено на инвестициите во акционерски капитал во локалните банки. Банката ќе помага во зајакнувањето и консолидацијата на банкарскиот сектор, преку нови можни инвестиции во акционерскиот капитал на банките и ќе ги испитува можностите за нови проекти во доменот на неодамна започнатите пензиски реформи и новите законски регулативи за лизинг.

Во наредниве две години, банката ќе го продолжи активниот дијалог со Владата во насока на подобрување на потребната инвестициона клима во земјата и ќе заземе водечка улога во промовирање на основањето на асоцијација на меѓународни инвеститори. Исто така, банката ќе стави силен акцент врз намалување на еколошките влијанија и оптимално искористување на еколошките придобивки, поврзани со приоритетните инвестициони области на Банката - како што е секторот за инфраструктура, при тоа воспоставувајќи високи стандарди за јавните расправи.

За време на спроведувањето на оваа стратегија, банката ќе ги координира своите активности со другите меѓународни финансиски институции и билатерални донатори, со цел да осигура сеопфатен приод во обезбедувањето на финансиски средства. Онаму каде што постојат услови ќе промовира заедничко финансирање и ќе работи на  комбинирање на кредитните средства со грантови и мобилизирање на техничка помош согласно потребите.

Успехот на оваа стратегија зависи од способноста на земјата да изгради политичка стабилност и широкиот консензус за реформските цели, како и од покажувањето трајна определба за забрзување на структурните реформи во рамки на напорите кои земјата ги вложува во насока кон интегрирањето во Европа. Во прилог на споменатото, борбата против корупцијата и слабото управување во јавниот сектор претставуваа голем проблем во изминатиот транзиционен период, и нивното разрешување ќе остане итна задача за Владата.

Проекти потпишани до 30 јуни 2004

Приватен корпоративен сектор

Мигрос Рамстор


Мигрос Турк АС, најголемиот турски трговец со храна во малопродажбата, ќе ги прошири своите деловни активности во ПЈР Македонија со помош на кредит од € 6,8 милиони од ЕБОР. Кредитот ќе се отплатува 8 години и ќе послужи за финансирање на изградбата на малопродажниот комплекс на Рамстор Македонија, локална компанија во мнозинска сопственост на бугарската подружница на Мигрос Турк. Малопродажниот комплекс ќе биде изграден во Скопје, главниот град на земјата, и во него ќе биде изграден шопинг центар, кино сали и хипермаркет.

Жито Лукс

Во февруари 2004, ЕБОР одобри кредит од € 8 милиони на Жито Лукс, производител на пекарски артикли, подружница од Елбиско Холдинг С.А. Грција. Со кредитот ќе се помогне развој на деловните активности, ќе се реновираат сопствените капацитети во земјата и ќе се зголеми ефикасноста. Ова претставува прв заем на ЕБОР во прехрамбениот сектор во земјата.

Мермерен Комбинат Прилеп

Во декември 2003 ЕБОР потпиша договор за заем во износ од € 8 милиони со цел да му помогне на Мермерен Комбинат Прилеп, во доминантна сопственост од ФХЛ Киријакидис Мермери-Гранити С.А. од Грција, во модернизација на капацитетите за експлоатација, како и во поддршката на стратегијата на компанијата во однос на зголемување на извозот. Мермерен Комбинат Прилеп е првата компанија од ПЈР Македонија која успешно го заврши иницијалното берзанско котирање и која има пласирано акции на берза надвор од сопствената земја.

Кимико Гардине  д.о.о., Струга

Во ноември 2003 ЕБОР инвестираше €2.2 милиони во производителот на завеси Кимико Гардине д.о.о., Струга, во рамките на проектот за директно вложување во мали и средни претријатија. Со оваа инвестиција на претпријатието ќе му се овозможи да ја зголеми конкурентност во југо-источна Европа и да ги прошири своите активности во Европската Унија.

Нафтовод Солун - Скопје

Во декември 2000 година, ЕБОР потпиша кредит во висина од 50 милиони американски долари, наменет за изградба на нов нафтовод за сурова нафта долг 214 км, кој ќе ги поврзува грчкото пристаниште во Солун со рафинеријата ОКТА во Скопје. Во 2001 година банката, заедно со Националната Банка на Грција, успеа успешно да имлементира скоро половина од кредитот. Нафтоводот, чиј годишен проток ќе биде 2,5 милиони тони сурова нафта и нафтени деривати, ќе ги намали постоечките транспортни трошоци и ќе обезбеди долгорочно снабдување со нафта во земјата. Вкупните проектни трошоци се 105 милиони американски долари. Хеленик Петролеум - најголемата индустриска компанија во Грција, заедно со Аегек - градежна групација од Грција, учествуваат во проектот со 55 милиони американски долари. Нафтоводот, пуштен во август 2002, во споредба со сегашното транспортирање на нафта по патиштата и железницата, ќе обезбеди и почиста животна средина.

Проект за итно проширување и модернизација на GSM мрежата

Во октомври 1999 година ЕБОР одобри заем на Македонски телекомуникации, државно претпријатие кое обезбедува телекомуникациски врски и услуги за фиксна и мобилна телефонија. Заемот во висина од € 14 милиони му овозможи на претпријатието двојно да ја зголеми GSM мрежата и да го модернизира информативниот систем. Од страна на ЕБОР, ова претставува прв заем одобрен без суверена гаранција на македонско јавно претпријатие.

Алкалоид А.Д.

Во јули 1999 година ЕБОР одобри заем на Алкалоид А.Д., компанија во локална сопственост и управување, во висина од € 8,7 милиони. Проектот беше финансиран заедно со Меѓународната финансиска корпорација (International Finance Corporation-IFC), која учествуваше со € 8,7 милиони. Заемот се користи за модернизација, проширување и унапредување на одделот за лекови во Алкалоид А.Д. Скопје, како и за помош на компанијата во постигнување на стандардите за добра практика во произво-дството (good manifacturing practice - GMP).

Макстил А.Д.

Во октомври 1998 година ЕБОР одобри заем од 15 милиони американски долари за поддршка на Макстил, приватизирано претпријатие за производство на челик, откупено од страна на Дуферко од Швајцарија, за реализација на програмата за негово проширување. Заемот е наменет за модернизација на капацитетите за леарницата на Макстил и капацитетите за производство на лимени плочи во Скопје, со цел повторно да се воспостави интегриран производствен капацитет кој ќе ја подобри севкупната ефикасност на компанијата.

Финансиски сектор

Про-кредит банка


Про-кредит банката (ПКБ) е ново формирана банка која пружа финансиски услуги на микро и малите претпријатија. Акционери - основачи се ЕБОР, Internationale Micro Investitionen AG и Меѓународната финансиска корпорација. ЕБОР учествува во акционерски капитал со € 1,25 милиони (20.8%). ПКБ започна со работа во јули 2003. Досега ги има отворено филијалали во Скопје (две), Тетово, Куманово, Гостивар, Битола, Струмица, а се планира отварање на филијала и во Струга. Во насока на забрзаниот пораст на активностите на оваа банка за микро-финансирање, на 30 септември 2003 ЕБОР и одобри на ПКБ, кредитна линија од € 5 милиони која во јануари 2004 беше зголемен за дополнителни € 1 милион. Банката е насочена кон пружање финансиски услуги надвор од главниот град, кон нови клиенти во официјалниот финансиски сектор, како и кон градење на институционалниот капацитет-  зголемување на мрежата филијали и поголем број вработени во секторот одобрување кредити.  Во оваа насока, Владата на Соединетите Американски Држави и Холандија обезбедија фондови за техничка соработка со кои се покрива дел од трошоците за иницијалните активности и проширување на истите. Врз основа на брзиот пораст на кредитното портфолио, кое изнесува над € 15 милиони и 4,000 клиенти од малите и средни претпријатија, акционерите решија кон крајот на годинава да аплицираат за лиценца за пружање целосни банкарски услуги и согласно бараната регулатива да ја зголемат основата на капиталот на € 9 милиони.

Извозно - кредитна банка (ИКБ)

Во мај 2000 година ЕБОР инвестираше € 3,1 милиони во акционерскиот капитал на ИКБ, при што се стекна со влог од 31% во вид на обични и преференцијални акции без право на глас. Целта на оваа инвестиција беше да се поттикне развојот на ИКБ во силна банка од средна големина, со акцент врз малите и средни претпријатија (МСП) и секторот мало-продажба. Напоредно со ова, ЕБОР мобили-зираше средства за техничка помош од Канада, Тајван и Македонија, ангажирајќи два банкарски експерти кои ќе и помогнат на ИКБ да се развие во силна банка од средна големина.

Стопанска банка (СБ)

СБ - најголемата банка во Македонија, беше приватизирана од Националната банка на Грција (НБГ), која има и најголем влог во неа. ЕБОР и IFC инвестираа заедно со НБГ. ЕБОР инвестираше € 14 милиони во ново издадени акции и се стекна со влог од 10,5% од  целокупниот акционерски капитал на СБ. Дополнителното зголемување на акционерскиот капитал овозможи натамошен пораст на средствата и имплементирање на инвестиционата програмата на СБ, која вклучува модернизација на компјутерскиот систем, усовршување на мрежата помеѓу филијалите и обука на персоналот.

СЕАФ Македонија

Од јули 1999 година ЕБОР учествува во акционерскиот капитал на СЕАФ Македонија ЛЛЦ со 4 милиони американски долари. СЕАФ Македонија е фонд за инвестирање во акционерски капитал кој располага со 13 милиони американски долари. Инвестициите на овој фонд се движат помеѓу 400.000 и 1 милион аме-рикански долари. Фондот инвестира во акционерскиот и квази-акционерски капитал во ло-калните мали и средни претпријатија (МСП), а инвестициите се управувани од СЕАФ. До сега Фондот има инвестирано во 15 МСП во земјата.

Програма за трговски гаранции

Во јануари 1999 година ЕБОР ја одобри својата нова проширена Програма за трговски гаранции (ПТГ), со која се опфатени 27-те земји каде банката има активно присуство. Оваа програма ја олеснува трговската размена помеѓу земјите во регионот и вон него, преку гарантирање на акредитиви отворени на локалните претпријатија од страна на локалните банки. Засега има четири македонски банки кои учествуваат во програмата - Стопанска банка, Комерцијална банка, Тутунска банка и Извозно-кредитна банка, со вкупно одобрен лимит за изложеност од €21 милиони. Заклучно со 31 декември 2003, во рамките на оваа програма, ЕБОР издала гаранции за извозно-увозни трансакции во кумулативен износ од €56 милиони.

Комерцијална банка А.Д.

Во март 1996 година ЕБОР и одобри на Комерцијална банка А.Д. финансирање во вид на акционерски капитал и конвертибилен заем, во висина од € 7,7 милиони (15 милиони германски марки). Овие средства беа искори-стени за натамошно позајмување на клиентите од приватниот сектор и  подобрување на рабо-тењето на банката: компјутерските системи, менаџерските информативни системи, како и мрежата на експозитури. Доделената техничка помош од страна на Know-How фондот на Велика Британија и помогна на Комерцијална банка во имплементацијата на процедурите за еколошка проценка, согласно регулативите на ЕБОР, како и во подобрување на правилата и процедурите за кредитирање.

Кредитни линии за МСП

Во декември 1995 година ЕБОР одобри кредитни линии за пет локални банки за среднорочно и долгорочно финансирање на приватните МСП.  Одобрените средствата за кредитните линии изнесуваа € 20,1 милиони од кои € 4,7 милиони на Македонска банка А.Д., € 7,7 милиони на Стопанска банка А.Д., € 3,1 милиони на Алмако банка А.Д., € 3,1 милиони Експорт-импорт банка А.Д. и € 1,5 милиони на Извозно-кредитна банка. Заемот беше одобрен со суверена гаранција, со исклучок на суверената гаранција за Стопанска банка која беше повлечена по нејзината приватизација. Беше обезбедена напоредна техничка помош финансирана од страна на Јапонија, која им помогна на банките-учеснички во проектот во подобрување на процедурите за одобрување на кре-дити и примена на процедурите за еколошка проценка, во согласност со барањата на ЕБОР.

Инфраструктура

Далновод помеѓу Македонија и Бугарија


Со кредитот од € 40,5 милиони позајмени од Електростопанство на Македонија (ЕСМ), државното вертикално - интегрирано претпријатие за снабдување со електрична енергија, ќе се финансира изградбата на 400 kV-от далновод помеѓу Штип (ПЈР Македонија) и Црвена могила (Бугарија) и  инсталирањето на новата подстаница во Штип. ЕСМ го позајмува кредитот за целиот проект, додека НЕК-бугарскиот партнер, ќе го отплатува финансирањето на бугарскиот дел од далноводот со снабдување електрична енергија за ЕСМ. Подготовката на проектот е помогната од донации од владите на Канада и Швајцарија.

Проектот ќе се имплементира во 2004-2006 година и ќе ја зголеми стабилноста на системот во источниот дел на ПЈР Македонија, придонесувајќи за намалувајќи ги загубите на истиот.  Со него на ПЈР Македонија ќе и се овозможи директен пристап до значителните бугарски капацитети со електрична енергија. Проектот ќе биде од корист и за Бугарија- ќе и овозможи зголемување на трговските и резервните капацитети и поголема безбедност на системот. Истовремено, ќе овозможи ПЈР Македонија, Бугарија и на другите земји од регионот, да уживаат во зголемените можности од снабдувањето со електрична енергија, кои ќе бидат со зголемена ефикасност и безбе-дност. Проектот ќе помогне во основањето на регионален пазар на електрична енергија во југо-источна Европа.

Проект за македонските регионални патишта

ЕБОР одобри заем од € 40 милиони на Фондот за национални и регионални патишта (ФНРП) - државна агенција за патишта, со кој ќе се помогне финансирањето на втората фаза од скопската заобиколница- нејзиниот западен дел во должина од 11 км околу градот и 11 км дел од патот од Смоквица до Гевгелија кој претставува дел од Пан-европскиот коридорот 10. Подготовката на проектот е помогната од € 0,5 милиони грант од Франција, Велика Британија и Тајван.

За имплементација на проектот обезбедена е техничка помош од € 0,5 милиони од страна на Франција, Централно европската иницијатива и USAID. Оваа помош ќе се искористи за изготвување на институционална стратегија, која ќе претставува основа на реформската програма на Владата во патниот сектор, како и за успешно имплеметирање на еколошките аспекти поврзани со скопската заобиколница.

Проект за модернизација на цивилната воздушна пловидба

Во јули 2002 година ЕБОР потпиша суверено гарантиран кредит во висина од € 11,2 милиони. Кредитот е наменет за модернизација на македонскиот систем за контрола на летање според стандардите на Еуроконтрол, како и за обновување на пистата на охридскиот аеродром.

Зедно со оваа инвестиција, ќе се започне со реализирање на проекти за техничка помош во унапредувањето на институциналните реформи опфатени со овој проект (на пр. одделување на системот за контрола на летање од тековните функции), како и со поддршка при имплементација на проектот.

Програма за водоснабдување

Во септември 2000 година ЕБОР одобри заем во висина од € 20,8 милиони наменет за пет македонски комунални претпријатија, инвестирајќи во изградба, обновување и проширување на водоводната и комуналната инфраструктура. Петте комунални претпријатија ги опслужуваат општините Куманово, Охрид/ Струга, Штип, Струмица и Велес. Покрај тоа, се обезбедија меѓународни грантови и концесионални заеми во висина од € 31,8 милиони и локално учество во висина од € 5,1 милиони. Инвестиционите грантови/концесиски заеми ги обезбедија Швајцарија, Германија, Грција и Португалија. Вкупните проектни трошоци изнесуваат € 62,8 милиони.

Целта на проектот е подобрување на квалитетот на водоснабдувањето, намалување на здравствените ризици и загаденоста на површинските води предизвикани од испу-штањето на непрочистените отпадни води. Проектот се залага и за зацврстување на финансиските и оперативните перформанси на комуналните претпријатија вклучени со овој проект.

Проект Македонски телекомуникации

Во март 1995 година беше потпишан заем во износ од € 34,8 милиони за модернизација на локалната, националната и меѓународната телекомуникациска мрежа. Целта на овој проект беше да се приклучат околу 78.000 нови претплатници кон фиксната телефонија и да се обезбеди модерен, високо квалитетен, дигитален систем за размена на информации во националната и меѓународната мрежа. За јавното претпријатие ПТТ сообраќај ,,Македонија” беше обезбедена техничка помош од страна на Италија, Холандија, Јапонија, Норвешка и Ирска во следниве области: развој  на техничките и менаџерските способности за меѓународен сообраќај, проценка на тендери, одде-лување на поштенските услуги од Телекомот, подобрување на финансискиот, книговодствениот и системот на наплатување, развој на корпоративната стратегија и подготовување за претстојната приватизација. Во исто време, беше обезбедена и техничка помош за поддршка на Владата во изготвување правна регулатива, основање регулативно тело и обезбедување основа за либерализација и приватизација на секторот. Заемот беше суверено гарантиран.

Модернизација на скопскиот аеродром

Во декември 1995 година беше одобрен заем во висина од € 9 милиони за итна надградба на скопскиот аеродром поврзана со безбедноста на истиот. Заемот помогна во подобрувањето на пистата, рулните патеки и системот за осветлување, со цел оптимално да се користи капацитетот на аеродромот.  Проектот им помага на воздухопловните власти во одржувањето на подобрените услови на објектите и долго-рочното планирањето на развојот на аеродромот.  Подготовките за проектот беа фина-нсирани од страна на канадските технички фондови за соработка, во вредност од 230.000 американски долари. Американската агенција за трговија и развој го финансираше планот за развој на аеродромот во износ од 150.000 американски долари. Заемот беше суверено гарантиран.

Модернизација на системот за воздушна навигација

Во октомври 1994 година, ЕБОР обезбеди финансиски средства во износ од € 11,2 милиони за модернизација на опремата во контролата на летање и за обезбедување целосни услуги во контролата на летање на комерцијалниот воздушен сообраќај на македонскиот воздушен простор. Американската агенција за трговија и развој обезбеди грант од 250.000 американски долари, наменет за обука на контролорите на летање и помош при имплементација на проектот.

Далновод Битола-Скопје

Во декември 1993 година ЕБОР одобри заем од € 17,3 милиони на јавнотото претпријатие за електрична енергија - Електростопанство на Македонија. Изградбата на 113,5 км долгиот далновод помеѓу термоцентралата Битола и Скопје- главниот индустриски центар, беше финансирана со € 12,6 милиони. Остатокот од средствата беше наменет за поддршка на владината програма за заштеда на енергија. Италија додели техничка помош, која му помогна на ЕСМ во изготвувањето тендерската документација, оценување на тендерите и преговори околу договорите. Покрај тоа, Обединетото Кралство на Велика Британија обезбеди техничка помош за персоналот во одделението за заштеда на електрична енергија, наменети за идентификување на адекватни проекти за заштеда на енергијата и обука на работното место со цел да се определат и проценат проекти за заштеда на енергија. Како дел од институционалната развојна улога на Банката, беше доделена техничка помош од Јапонија наменета за поддршка на ЕСМ во процесот на воведување на модерно сметководство и системи за изготвување на финансиски извештаи.

Лица за контакт

Оливие Декам
Директор на деловна група за јужна и источна Европа и Кавказ
Тел: +44 20 73 38 7164
Факс: +44 20 73 38 6599

Жан-Марк Питершмит
Директор за западен Балкан
Тел: +44 20 73 38 6892
Факс: +44 20 73 38 6599

EBRD London
One Exchange Square
London EC2A 2JN, United Kingdom

Г-дин Наказава
Директор на канцеларијата во Скопје
Канцеларија на ЕБОР во Скопје
Тел: +389 2 32 97 800
Факс: +389 2 32 31 238

ЕБОР Скопје
Даме Груев 14
Деловен центар-Интекс (2 кат)
П.Ф. 202
1000 Скопје, Македонија

Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ