|
|
|
Посетители: |
Статегијата на Светска банка за Македонија
Општи информaции за Статегијата на Светска банка за Македонија Првата Стратегија за Македонија беше подготвена во 1998/99 година. Процесот беше воден од страна на Банката и Македонската влада и не вклучуваше учество на јавноста, невладините организации и здруженијата на граѓани. Во 2001 година Македонија се соочи дсо потешкотии со многубројните конфликти кои ја нарушуваа безбедноста на земјата. Втората Стратегија за Македонија требаше да се подготви во текот на оваа година, но поради новонастанатата ситуација, процесот на подготовка беше одложен за време со постабилни услови. Неможноста да се подготви нова стратегија резултираше со изработката и примената на Привремена стратегија за поддршка (Transitional Support Strategy (TSS)), документ кој е наменет да ја замени Стратегијата во случаи кога не е возможна нејзина подготовка. Сепак, Привремената стратегија ги има истите цели и намена како и самата Стратегија. Освен тоа, подготовката на Привремената стратегија не ги бара истите услови како и подготовката на Стратегијата и од тие причини, во тој процес јавноста повторно не беше вклучена. Македонската јавност во текот на 4 години, ниеднаш не беше консултирана за подготовката на Стратегијата за земјата во која живее. Привремената стратегија ќе се применува до крајот на 2002 година. Според најновите информации, новата Стратегија треба да се подготви во февруари 2003 година. Заклучок Јасно е дека жителите на Македонија немале шанса да ги изразат своите мислења за Стратегијата два пати во текот на последните 4 години. Од овие причини, потребата за организирање на консултации со јавноста и обрнување на посебно влијание на мислењето на јавноста е уште поголема. Состаноците треба да се организираат внимателно и треба да се овозможи висок степен на учество на јавноста. Невладините организации треба да се клучните учесници во овој процес. Тие не ја застапуваат самата јавност, но го носат незиниот глас. А нејзиниот глас навистина треба да се слушне. За да прочитате повеќе за стратегијата, посетете ја оваа страна http://www.worldbank.org.mk/strategy.htm |
| Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани! 100ЛЕ | |