Еко-Свест

Мисија и визија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и навиките за одржливо живеење и заштита на животната средина.
Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со организации и институции.

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде здрави граѓани одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

Основање

Еко-свест е здружение на граѓани основано на 18.09.2002 година во основен Суд 1 Скопје, под регистарскиот број З.Г. 192/02.

Стратешки цели 2016-2020

Стратешкиот план на Еко-свест го опфаќа периодот од 2016-2020 година. Стратегијата во овие 5 години ќе се исполни преку реализација на следните цели:
1. До 2020 Еко-свест е релевантен чинител и вклучен во консултативни процеси на национално ниво за животна средина и приближување кон ЕУ.
2. Еко-свест делува за унапредување на животната средина и човековото здравје.
2.1. До 2020 Еко-свест активно учествува во креирање на одржлува енергетската стратегија на Македонија.
2.2. До 2020 Еко-свест ќе делува за заштита на животната средина и човековото здравје од негативните влијанија на индустријата и инфраструктурните проекти преку следење и промоција на алтернативи и одржливи концепти за развој.
3. Еко-свест е силна граѓанска организација препознатлива од институциите и граѓаните во Македонија и Европа.
3.1. До 2020, Еко-свест е видлива, препознатлива и поддржана организација од граѓаните и институциите.
3.2. До 2020 Еко-свест ги јакне сопствените капацитети и човечките ресурси практикувајќи ги сопствените мисија и визија.
4. Еко-свест едуцира за животната средина и промовира решенија за одржлив развој.
4.1. До 2020 Еко-свест востановува и развива програми во сопствен самоодржлив едукативен центар за животна средина и климатски промени.
4.2. До 2020 Еко-свест промовира иновативни решенија и технологии за одржлив развој.

Соработка

„Еко-свест“ успешно соработува со домашните и странски организации. Членка е на следните меѓународни организации:

CEE Bankwatch Network, European Environmental Bureau (EEB), SEE NET, GENET, Inforse Europe, Kite, WECF (Women in Europe for Common Future) и HEAL (Health and Environment Alliance).