Меѓународни Финансиски Институции



Терминот МФИ или меѓународни финансиски институции означува организации активни на меѓународно ниво, кои овозможуваат кредити (заеми) на државите. Државите со долгови првенствено им должат на меѓународните финансиски институции отколку на други индивидуални влади. Главни „играчи“ се глобалните институции, како ММФ (Меѓународен монетарен фонд) и Светска банка, но тука припаѓаат и национални агенции и приватни финансиски институции кои функционираат на глобално ниво.

Меѓународните финансиски институции имаат капитал кој се состои од влоговите на сите држави-членки во институциите. Значи МФИ добиваат пари од државите, најмногу од САД, Франција, Јапонија (во зависност за која МФИ станува збор). Според тоа, тие држави имаат поголеми права и поголема важност при донесувањето одлуки. Македонија, според својот влог во Европската банка за обнова и развој, на пример, има 0,07% удел во банката, а со тоа и многу мал удел при донесувањето одлуки.

Еко-свест работи:

- Да ја подигне јавната свест за меѓународните финансиски институции во Македонија и нивните социјално и еколошки деструктивни проекти;
- Да промовира учество на јавноста во донесувањето одлуки за политиките и проектите на меѓународните финансиски институции на локално, национално и регионално ниво;
- Да ги променат или стопираат проектите и политиките на МФИ со уништувачко влијание врз животната средина и врз луѓето во Македонија и да промовира решенија.

Еко-свест е членка на CEE Bankwatch Network и членството во оваа мрежа ни овозможува да ги реализираме горенаведените цели на нашата работа.