Посетители:
Site Meter


Јавна расправа по повод изградба на

Автопатот Демир Капија- Смоквица


Министерството за животна средина и просторно планирање по одржаната јавна расправа за проектот Автопат Демир Капија- Смоквица на 10 јуни 2008 година, одлучи да организира уште една јавна расправа.

На јавната расправа, која беше организирана на денот кога се објави студијата за оцена на влијание врз животната средина и потребните мапи, присуствуваа само околу 20тина жители од Демир Капија, иако целата општина брои околу 4000 жители.

Еко-свест во текот на јули подели околу 300 летоци во селата кои се наоѓаат во близина на планираните траси со цел да го информира населението за можноста да се вклучат во процесот на донесување одлуки и сами да изберат која алтернатива на патот им одговара.

Во петок, 25.07.2008 година, во Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито„ во Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи јавна расправа по повод Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Коридор 10, секција Демир Капија Смоквица.

Сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на јавната расправа, а студијата можат да ја погледнат во општина Гевгелија и во канцеларијата за комуникација со јавноста при Министерството за животна средина и просторно планирање, како и на интернет страницата:

www.vlada.mk/eia/eia.htm

Авторски Права © [Еко-свест]. Сите права се задржани!  100ЛЕ