Еко-свест на нова локација

Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопје се пресели во нова, енергетски ефикасна и паметна канцеларија.

Адреса: Киро Крстевски – Платник 6 /1, Општина Центар, 1000 Скопје

Телефон: +389 (0)2 321 7247

Е-маил: [email protected]

Работно време: од 8:00 до 16:00 часот

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“

Промоција на сликовницата „Каде оди реката?“ од Хана Корнети и илустрации на Марија Трајаноска, издание на „Чудна шума“ во соработка со Еко-свест.

Остранета најголемата непотребна препрека на река во Македонија

Ослободени 72 км слободен тек на Пчиња. Непотребна бетонска бариера долга 50 метри и широка 30 метри е отстранета од реката Пчиња, во месноста Шупљи камен. Оваа препрека која по Втората светска војна била наменета за пренос на тенкови со тек на времето се разрушила и во последните неколку децении претставуваше безбедносен ризик за населението и причинуваше штета врз екосистемот.

Зелен телефон

Зелен телефон е алатка на Еко-свест преку која се овозможува пријавување на еколошки проблеми и барање правна помош.

  • Помош во доставување пријава или барање до надлежните за решавање на проблемот;
  • Советување во врска со еколошкиот проблем.

Еко-свест во нова канцеларија!

Ве информираме дека Еко-свест се пресели во нова канцеларија со следната адреса: Киро Крстевски Платник, број 6/1. Локацијата е на истата улица со Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ до детската градинка „13ти Ноември“, наспроти Холандска Амбасада. Телефонскиот број и е-маил остануваат исти: Телефон: +389 (0)2 321 7247 Е-маил: [email protected] Работно време: од 8:00...

Уште една успешно одржана Еко трампа

Изминатиов викенд, просторот на „Бистро Комедија“ беше исполнет со позитивна енергија, дружење и силна порака за заштита на животната средина. Граѓаните уште еднаш ја потврдија својата висока еколошка свест, масовно учествувајќи на четвртата по ред Еко трампа. Овој настан, кој веќе прераснува во убава традиција, има за цел да ја поттикне културата на реупотреба на предмети и да ја подигне свеста...

Нашите коментари за новиот Закон за природа: Заштита сега, а не „здравје“ кога ќе влеземе во ЕУ!

На почетокот на јуни 2026 година, на владината платформа ЕНЕР беше објавен предлог-текстот на новиот Закон за природа. Ние во „Еко-свест“ ја поздравуваме оваа иницијатива бидејќи нов, модерен закон за заштита на природата ни е повеќе од потребен. Токму денес, на 11 јуни, денот на Балканскиот рис мораме да потсетиме дека нашето природно наследство и нашата природа зависат од доследното...

Мисија

Мисијата на Еко-свест е да истражува, информира и делува кон унапредување на јавните политики и практики за заштита на животната средина и одржливо живеење.

Еко-свест поддржува и поттикнува граѓанска свесност и активно учество и промовира практични решенија во соработка со релевантни организации и институции.

Визија

Нашата визија е праведно, одговорно и совесно општество каде граѓаните одржливо живеат во благосостојба и во хармонија со животната средина.

За живот на живиот свет

За живот на живиот свет

Кампањата „За Живот на Живиот свет“ има за цел да им се помогне на граѓаните подобро да ја разберат важноста на урбаниот биодиверзитет и што можат тие да направат за да помогнат во ублажувањето на климатските промени и прилагодувањето на урбаниот живот кон последиците од климатските промени.

„Let’s be clear. The planet is not in jeopardy. We are in jeopardy. We haven’t got the power to destroy the planet – or to save it. But we might have the power to save ourselves.“

Jurassic Park

ПОВИК за изразување интерес за спроведување на пилот-реставраторски мерки за природни живеалишта во Националните паркови Маврово и Шар Планина

04.05.2026 Локации: Тресонечка Река, Галичка Река (НП Маврово) и река Бистрица (НП Шар Планина) 1. Вовед и цел на повикот Еко-свест објавува повик...

Месечен информатор на Еко-свест

Доколку сакате да го добивате месечниот информатор на Еко-свест на вашата мејл адреса регистрирајте се преку следниот линк:

Области во кои делуваме

Цели за оддржлив развој на кои работиме

Еко-свест е член на:

Наши донатори

Наши партнери